Скопско лето

Промоција на книгата „Приказни од Пајко Маало“ на Марина Мијаковска

Во Музејот на македонската борба напладне ќе се одржи промоција на книгата „Приказни од Пајко Маало“ на Марина Мијаковска.

Новата книга на Мијаковска е инспирирана од културно-историските обележја на градот Скопје.

„Приказните настануваат на улиците на Пајко Маало во различни временски периоди. Преку ликот на сезнаечкиот наратор на стариот скопјанец Панајот, Мијаковска, симултано ги поврзува расказите во кохерентна целина што наликува на новела. Преку ваквата прозна постапка, авторката прави сопоставување на сликите од минатото и сегашноста, стариот и новиот град, старите скопски легенди и новите урбани приказни создадени во дланките на денешното Скопје“, стои во најавата за промоцијата.

Книгата „Приказни од Пајко Маало“ е објавена како самостојно издание на Мијаковска а промоцијата е дел од 42-то издание на Скопско лето. 

 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе