Промоција на книгата „Да не бидам покусо” од Ѕвездан Георгиевски

Во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар вечерва од 19,19 часот ќе биде промовирана книгата „Да не бидам покусо" од новинарот Ѕвездан Георгиевски.

Се работи за збирка од 70-ина куси раскази и кратки форми, т.н. „едноминутни новели“ создадени под влијание на родоначалникот на овој жанр – Иштван Еркењ, но и на други автори на куси раскази како Хармс и О’Хара. Тематски се движат меѓу надреалното и апсурдот, често навлегувајќи во магичниот реализам.

Ѕвездан Георгиевски (1961, Јесенице) работел како новинар, колумнист и уредник во повеќе редакции. Основач е на првото приватно радио во Македонија, „Канал 4“, превел десетина книги, главно од јазиците на поранешна Југославија, уредил неколку зборници, литературни и публицистички дела. Во моментов работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Автор е на романот „Една недела во животот и смртта на Гроздан“ и публицистичкиот труд „Урбани топоними“.  Книгата раскази „Да не бидам покусо“ е издание на „Просветно дело“. 

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе