Промоција на реобјавенo делo од Димитар Солев

„Арс Ламина – публикации" на својата фејсбук-страница вечер од 19 часот ќе гo промовира реобјавенoto делo на Димитар Солев – „Зора зад аголот", дел од едицијата „Македонски книжевни класици" на оваа издавачка куќа.

По тој повод ќе биде организиран онлајн-разговор со писателот Александар Прокопиев кој го напиша поговорот за новото издание на „Зора зад аголот“, а во фокусот ќе биде значењето на Димитар Солев и неговото творештво.

„Арс Ламина“ во својата едиција „Македонски книжевни класици“ реобјави во специјални изданија голем број култни македонски дела – девет книги од Петре М. Андреевски, стихозбирката „Скопјани“ од Гане Тодоровски, „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“ од Живко Чинго и „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев.

„Надополнување на оваа амбициозна едиција се делата на Димитар Солев, а во план е во иднина да бидат објавени уште многу дела што се сметаат за столбови на нашата литература, со цел да допрат до новите генерации читатели“, соопшти издавачката куќа.

Димитар Солев (1930-2003) е раскажувач, романописец, драмски автор, есеист, книжевен критичар и преведувач. Бил уредник во Телевизија Скопје, директор на Македонската радио-телевизија, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“, член на Македонскиот ПЕН-центар и на Друштвото на писателите на Македонија и во еден период и негов претседател. 

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе