Во Кембриџ, Канада

Промоција на делата „Александар Македонски“ и „Македонците во светот“

Вчера во салата на МПЦ „Света Богородица“ во Кембриџ, Онтарио се одржа промоција на публикациите „Александар III Македонски“, дело на Славе Катин и Георги Бранов и „Македонците во светот“ („Macedonians in the World“), чиј автое е Славе Катин.

Историскиот роман „Александар Македонски“ чиј рецензенти се д-р Владан Велков и Александар Донски, е луксузно издание на книгоиздателството „Македонска искра” од Скопје. Тоа е отпечатено на македонски јазик, на 540 страници и претставува значаен придонес и прилог кон осветлувањето на голем број аспекти за древноста и континуитетот на историската вистина за Античка Македонија.

Свеченоста ја отвори свештеникот на МПЦ „Света Богородица“, Гоце Деспотовски, а за романот „Александар III Македонски“ зборуваше Бранкица Кузмановска-Матеска, претседател на женската секција во Црквата. Во своето излагање таа рече дека Александар во историјата ќе остане запаметен како најголем светски војсководец и непобеден воин, творец на новиот свет, на новиот поредок.

Во ова дело коавтор е Георги Бранов, по потекло од селото Буф, во Егејска Македонија, кој педесетина години живее во Канада и ја брани вистината за Македонија, особено за Античка Македонија. Тој е еден од Македонците кој најмногу се запознал и го почитува историскиот развој и вистината за Александар Македонски и Античка Македонија од автори кои пишуваат за оваа проблематика на англиски јазик. Затоа неговите сугестии и придонес имаат големо значење во ова дело, насловено „Александар Македонски“.

Бранов беше голем активист во македонската заедница во Кембриџ, како поборник за купување и адаптирање во македонскиот православен храм, кој го носи името „Света Мала Богородица“. Благодарение на македонските иселеници, особено на Георги Бранов денес МПЦ „Света Мала Богородица“ е место на духовен мир за Македонците во универзитетските центри: Кембрич, Кичинер, Ватерло и Гуелф. Црквата денес е место за средби на младите и старите македонски генераци и место каде тие можат да ги продолжат и негуваат македонските обичаи, традиции и љубов кон својот мајчин македонски јазик и да развиваат љубов кон дедовската земја Македонија.

Во Македонија, за жал, античкиот период не бил често и континуирано истражуван, затоа бројот на делата кои се занимаваат со оваа прашање е многу мал, за разлика од нашите јужни и други соседи, кои со векови копаат по „нивната”, за да ја замаглат и покријат нашата вистина.

Публикацијата „Македонците во светот“, чиј рецензенти се покојниот академик Антонио Шкокљев-Дончо од Белград и бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски од САД е дело на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје и на Фондацијата „Џорџ Атанасоски“ од Прилеп. Таа е отпечатена на англиски јазик, на 432 страници, во која е запишано дека Македонија има долга и макотрпна историја проткаена со бескрајни страници, но и со премрежија и турбуленции кои оставиле длабоки траги кај населението што со векови живее на овие простори и кај Македонците од етничка Македонија ширум светот.

 

За ова делозборуваше претседателот на МПЦ „Света Богородица“ Петар Медичков. Тој. меѓу другото истакна дека во ова дело е даден развојниот пат на македонското иселеништво, кое во основа се совпаѓа со развојот на настаните на Балканот и уште повеќе во зависност од тоа како се  движеле настаните околу Македонија. 

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе