За исклучителни истражувачки и педагошки достигнувања

Професорката Лидија Аризанковска од Филолошкиот факултет добитник на Топоришичевото признание во Љубљана

Универзитетот во Љубљана, Катедрата за словенистика заедно со Центарот за словенечки како втор и странски јазик ѝ ја доделуваат првата награда Топоришич на д-р Лидија Аризанковска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Проф. д-р Лидија Аризанковска ќе го добие Топоришичевото признание за истакнати истражувачки и педагошки достигнувања на сите нивоа на образование, како и за нејзината повеќедецениска соработка и зајакнување на соработката меѓу институциите и поединците.

Ова признание Универзитетот во Љубљана го доделува првпат.

Д-р Аризанковска е избрана од пристигнатите предлози на стручната комисија за доделување на наградите Топоришич и потврдена од Сенатот на Факултетот за уметности со резолуција на седницата на 20 април 2022 година.

Доделувањето на Топоришичевото признание ќе се одржи на 4 јули 2022 година на отворањето на 58-от семинар за словенечки јазик, литература и култура во Љубљана.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе