Прилеп го чествуваше големиот патеписец Никола Бувие

Со многу емоции и со нагласување за улогата на патеписецот Никола Бувие во овековечувањето на животот во Прилеп и на македонските простори во своето дело, вчера Прилеп го чествуваше споменот на големиот швајцарски патеписец, франкофон.

Во прилепското кино „Мис Стон“ беа проектирани два документарни филма: „Враќањето на Бувие“ од драмскиот автор Јордан Плевнеш и „Бувот и китот“, на Патриција Платнер, а во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата  „Патување во слики“ од Никола Бувие. Бувеи во 1953 година престојувал во Прилеп и во својата книга „Употребата на светот“ го овековечил Прилеп и животот на овие простори.

Според Стефан Томажјан, заменик амбасадор во Швајцарската амбасада многу емоции се испреплетуваат.

-Со многу емоции сум во Прилеп. Никола Бувие е, без сомнение, еден од француските автори што го обожувам. Идејата дека тој бил пред 60-ина години во Прилеп, а јас сега сум тука, навистина ме трогна. Бувие, на некој начин е сврзник помеѓу нашите две култури, Швајцарската и Француската, симбол е на францускиот јазик кој ние го споделуваме и сум среќен што го чествуваме, рече Томажјан.

За драмскиот автор Јордан Плевнеш патеписецот Бувие го овековечил овој простор засекогаш.

-Пред моите очи се појавуваат сите тие години од нашето пријателство, поминати низ Европа и низ светот. Посебно, неговото историско враќање во Прилеп, 43 години по неговото прво доаѓање во 1953 година. Јас сум посебно возбуден, бидејќи Прилеп со книгата „Употребата на светот“ на Бувие станува еден од духовните центри на светската литература и убеден сум дека мермерната плоча поставена во градскиот парк во Прилеп на која е нагласена неговата реченица дека Балканот е срцето на Европа, што е напишана токму во овој град ќе прозвучи во многу книжевни меридијани, со неговата бескрајна љубов кон овој град, рече Плевнеш.

Емануел Рембел, директор на Францускиот институт во Скопје нагласи дека мермерната спомен-плоча во центарот на Прилеп посветена на Бувие го овековечува засекогаш, а прилепкиот градоначалник Илија Јованоски рече дека се продлабочува културната соработка помеѓу трите земји – Швајцарија, Франција и Македонија.

-По повод месецот на франкофонијата, имавме чест да бидат присутни гостите од Француската и од Швајцарската амбасада. Денеска се одбележува денот на патеписецот, франкофонот Никола Бувие кој во 1953 година извесно време бил во Прилеп. Го има опишано животот на нашите сограѓани од тоа време и воопшто на граѓаните во Македонија и тоа остава впечаток дека Бувие знаел да го претстави животот каде поминувал и сето тоа е забележано во неговата книга. Нашата културна соработка со двете држави, Франција и Швајцарија, продолжува понатаму, зашто е во интерес на заемната соработка воопшто, рече Јованоски.

Никола Бувие вторпат го посети Прилеп во 1995 година.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе