Соња Драгољуб Гиздавиќ е познато новинарско име, таа целиот свој работен век го помина во националната МРТ како новинар и уредник на програми и автор на бројни документарни емисии.
Гиздавиќ е авторка на четири книги поезија. „Приказни од петка“ е нејзино прво прозно искуство. Доне Донев ја напиша рецензијата за расказите (31 на број) кои потекнуваат од случки поврзани со автобусот „петка“, кој своето сообраќање низ Скопје го започнува од населбата „Ѓорче Петров“, каде живее авторката Соња Драгољуб Гиздавиќ и со кој се вози.
Промоторка на настанот ќе биде Солзица Поповска од Филолошкиот факултет при УКИМ. Дизајнот на корицата е на Николо де Золт-Коста.