Претставен поетскиот опус на хрватскиот поет Валерио Орлиќ

Како дел од програмата за одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, денеска напладне, во Музејот на македонската борба во објектот „Порта Македонија”, во Скопје, беше претставен поетскиот опус на истакнатиот хрватски поет Валерио Орлиќ и беше промовирана неговата најнова збирка поезија „Љубов распослана по морето”.

Збирката ја претстави професорот д-р Васил Тоциновски, додека стихови од најновата збирка на хрватски читааа авторот, а на македонски Сашо Огненовски.

Тоциновски, добар познавач на хрватската литература, во минатото и денес, и поранешен раководител на Лекторатот по македонски јазик во Риека, Хрватска, нагласи дека Орлиќ е своевиден континуитет на историските културни врски помеѓу Македонија и Хрватска, кои не враќаат назад низ вековите, се до културната, јазична и просветителска средновековна комуникација помеѓу културните центри Охрид и Дубровник.

Изблик на македонско - хрватското културно поврзување е чинот на печатењето на Зборникот на стружаните, браќата Миладиновци во 1861 година, во Загреб, од страна на бискупот Јосип Јурај Штросмаер.

Подоцна, 1939 година и на збирката поезија „Бели мугри” на Коста Рацин, основачот на македонската современа поезија, во Самобор, крај Загреб.

Врз тоа културно наследство, денеска се потпираат творештвото и присуството на стиховите на Валерио Орлиќ, помеѓу македонската читателска публика. Не случајно, Орлиќ, меѓу другото, е добитник на „Балканската награда за поезија“ на 46-те „Караманови средби” во Радовиш (2019), како и на „Струшко слово“ - Струга, 2015 и „Слово“ - Битола, 2016.

Покрај во Македонија, Орлиќ настапувал и во многу земји во светот и е добитник на низа хрватски и меѓународни признанија за неговиот придонес во книжевноста во неговата земја, кај нас, потоа во Италија, Словенија, Србија, Бугарија, Полска, Украина и други земји, потенцираше д-р Тоциновски.

Орлиќ е добитник и на Мегународната награда „Хомер“ за придонес во европската и светската книжевност – Брисел, 2018.

Орлиќ денеска беше примен во Министерството за култура, каде се сретна и разговараше со Биљана Туџарова Ќупева од кабинетот на министерката Бисера Костадиноска – Стојческа.

Орлиќ, утре, ќе биде дел од прославата и чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, меѓу етничките Македонци во Албанија, кое содржи низа промоции на книги и поетски читања од страна на автори од Македонија и Албанија.

За таа прилика, од Тирана во Пустец, најавија патување и учество хрватскиот амбасадор во Албанија, Златко Крамариќ, заедно со амбасадорот на Македонија, Данчо Марковаски.

Валерио Орлиќ е почесен претседател на Хрватското книжевно здружение. 

В.М.

 

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе