Друштво на писатели на Македонија

„Празник на липите” за славење на поетското творештво

Во Друштвото на писатели на Македонија утре ќе се одржи традиционалната меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“, посветена на славењето на поетското творештво на домашните и странските поети. 

Годинашни добитници на престижното признание „Книжевeн жезол“ се Радован П. Цветковски и албанскиот поет Ариан Лека. Врачувањето на жезолот е закажано за 11 часот во Друштвото на писатели на Македонија. На свеченоста за творештвото на Цветковски ќе говори Милица Димитријовска-Радевска, а за Лека реч ќе одржи академик Луан Старова. Манифестацијата ќе продолжи во 12 часот на платото пред црквата Св. Спас (Пивница „Стар град“) со поетско читање на 30-ина поети.  

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе