„Правта на библиотеките“ – нова книга на академик Маџунков

Правта на библиотеките“ е насловен новиот роман на академик и писател Митко Маџунков кој го објави издавачката куќа „Три“, дел од неговиот „белградски“ циклус романи.

Циклусот почна со романот „Времето на ирвасите“, а по него следуваа „Птиците од ланските гнезда“ – добитник на наградата Роман на годината, „Непостојната книга", „Правта на библиотеките", а целината ќе се заокружи со книгата „Времeто пред приказната" која е во план да биде објавена во 2020 година.

„Како една заокружена приказна, романот говори за светот како пародија на сопствените вредности, базиран врз фалсификати наспроти злоупотребените оригинали. По настаните од неделата, „кога според некои непроверени вести, пропаднал светот", осамнува сосема обичен понеделник исполнет со заборав, како ништо страшно да не се случило, но наскоро следува изненадување, а дејството се префрла во подземјето…, соопшти „Три“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе