Поезија од Митко Гогов на 31. Меѓународен поетски фестивал во Колумбија

Поетот Митко Гогов ќе ја претставува Северна Македонија на 31. Меѓународниот поетски фестивал во Меделин, Колумбија што ќе се одржи од 1 до 29 август 2021 година. Песните на фестивалот ќе се читаат на мајчин јазик, а ќе се слушаат и во препев на шпански и англиски јазик.

Меѓународниот поетски фестивал во Меделин, Колумбија претставува најголем и најдобар светски поетски фестивал, еден од најпрестижните поетски настани, а досега од нашата држава меѓу учесниците биле и Матеја Матевски, Катица Ќулавкова, Лидија Димковска, Никола Маџиров.

Фестивалот има публика од над 500.000 гледачи ширум светот, а како дел од програмата се светски поети како Ко Ун, Чарлс Симиќ, Адунис, Елена Попески, Пол Мултон, Каролин Форше, Роберт Хас и други. Со повеќе од 200 официјални учесници, фестивалот се обидува да се помири со колумбиското турбулентно минато и сегашност преку никогаш не стареечкиот медиум на поезијата и уметноста.

Митко Гогов е роден 1983 година. Гогов пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во повеќе земји во Европа, но и во Аргентина, Египет, Израел, Индија, Кина, Мексико, Пакистан, Русија, САД, Тајван, Филипини. Претседател  е на здружението за култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица", организатор е  на манифестацијата „100 илјади поети за промена" . Тој е основач и дел од организаторите на „Антево слово" и „Антево перо". Добитник  е на неколку значајни меѓународни и национални награди за книжевност и поезија. Автор е на збирките поезија „Ледена вода" (2014) и „Скриено писмо" (2019), во издание на издавачката куќа Антолог, а годинава треба да излезе од печат неговата трета стихозбирка „Линијар бројки".

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе