Во чест на великанот Блаже Конески

Поетска средба пред спомен - домот во Небрегово

Во среда напладне, пред спомен-домот во Небрегово, членови на Друштвото на писатели на Македонија ќе читаат стихови и ќе говорат во чест на великанот на нашата книжевност Блаже Конески. Манифестацијата е сегмент од програмата „2021- Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето" што се реализира под покровителство на претседателот на Македонија и со поддршка на Владата.

На средбата ќе настапат: Глигор Стојковски, Веле Смилевски, Христо Петрески, Пајо Авировиќ, Јулијана Величковска, Владимир Мартиновски, Снежана Стојчевска, Мишел Павловски, Мерсиха Исмајлоска и Соња Стојменска-Елзесер. Настанот ќе биде збогатен со музички настап на групата „Канарина и гитара" (Петар Ренџов и Ивана Стојановска).

 

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе