Утре на платото пред МКЦ

Поетска манифестација Празник на липите 2020

Утре, 10 септември, со почеток во 12 часот, на платото пред Младинскиот културен центар, ќе се одржи традиционалната поетска манифестација „Празник на липите“ во организација на Друштвото на писатели на Македонија, според протоколите за организирање културен настан во услови на пандемија.

На свеченоста ќе му биде врачена наградата „Книжевен жезол 2020“ на македонскиот поет Михаил Ренџов, а за неговиот поетски опус ќе говори Владимир Мартиновски. Исто така, ќе биде прочитано и писмото од странскиот добитник на жезолот, словачкиот поет Мирослав Биелик, кој поради пандемијата не беше во можност да допатува во нашата земја. Со стихови од своите најнови стихозбирки ќе се претстават поетите Христо Петрески, Пајо Авировиќ и Сузана В. Спасовска, а потоа ќе настапат поетите кои учествуваа на конкурсот за најдобра песна на манифестацијата оваа година. Присутните ќе имаат можност да добијат примерок од збирката поезија од двајцата лауреати специјално подготвена за оваа пригода.

Манифестацијата се реализира со поддршка од Министерството за култура и под покровителство на Град Скопје. 

 

 

 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе