Несекојдневна слика

Поетот Чун Лајчи продава книги на улица, вели од уметност пари има за 10 дена во месецот

Поетот и актер од Косово, Чун Лајчи деновиве можеше да се види во Скопје, а сега и во Кичево, како седнат на земја продава книги. Вели, нема друго чаре, уметниците од своите дела можат евентуално да преживеат десет дена во месецот. Лајчи додава дека можеби само Албанецот Исмаил Кадаре, како нобеловец, можел добро да живее од своето пишување, а останатите писатели, актери и уметници кои се верни на своето творештво, имаат за леб само за десет дена во месецот.

„Дефинитивно, ако си актер или писател, а не се занимаваш со друга работа, од сопственото творештво ќе се 'храниш' со идеалите дека има кој те почитува, чита, следи... Но, за леб ќе имаш најмногу за десет дена во месецот“, револтирано вели Лајчи.

Вели, од овој начин на продажба на своите книги се обидува да состави крај со крај. Тој си прави „турнеја“ низ повеќе градови низ Македонија, Албанија и, се разбира во Косово, а покрај другите свои книги, на овој начин го промовира своето ново дело „Копиле“.

Со купување на книга во Македонија го почестиле Фатмир Дехари во Кичево и Хекуран Дука во Дебар, а ретки се познати личности кои купиле и во Албанија и Косово.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе