Поетско гостување

Поетесата Марта Маркоска ќе ја претставува македонската култура во Пиеве Ди Солиго

На покана на организаторите на културната манифестација „Тера Миа“, што се одржува во Пиеве Ди Солиго во Италија, гостинка што ќе ја претставува Македонија пред разнородноста од културите ќе биде поетесата Марта Маркоска. Освен Маркоска, која е единствена гостинка од Македонија, на манифестацијата ќе учествуваат претставници од Сенегал, Мароко и Бангладеш.

Марта Маркоска

Целта на одржувањето на културната манифестација „Тера Миа“, која слави втора година од своето постоење, е подобра интеграција на македонскот јазик, македонските култура и традиција на територијата на Пиеве Ди Солиго, каде има бројно македонско население.

Во мноштвото придобивки од оваа средба е, секако, подобрувањето на економската соработка помеѓу земјите учеснички и Италија. Во недела, 15.10.2017, ќе биде одржана конференција токму на тема „Заеднички заложби за економски и социјален развој на нашите заедници“ каде главен збор ќе земе директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов. Истиот ден ќе се одржи средба помеѓу претседателот на Стопанската комора на Тревисо и македонскиот стопанственик Гелер Абдијевиќ, кој живее и работи во Пиеве Ди Солиго повеќе од две децении.

Заслугата за организирањето на овој настан ја има координаторот за безбедност на Пиеве Ди Солиго, Роберто Менегнон, во соработка со Фатон Асани од здружението „Реканска дијаспора“, додека домаќин на настанот е здружението „Мост на пријателство“, под претседателство на Исмаил Беќири.

Фотографија: Никола Аџиевски

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе