ПОЕТСКА ПРОМОЦИЈА

Поетесата Љерка Тот Наумова ќе промовира своја книга во Загреб

Во Друштвото на хрватските книжевници во Загреб на 18 септември ќе се одржи промоција на збирката песни „Невидлива врата“ од поетесата Љерка Тот Наумова. Промотори на книгата ќе бидат истакнатата литературна критичарка д-р Жељка Ловренчиќ и претседателот на Друштвото на хрватските писатели, книжевник Ѓуро Видмаровиќ.

Издавачи на книгата „Невидлива врата“ од поетесата Љерка Тот Наумова се Заедницата на Хрвати во Република Македонија, Скопје, и Матица на иселениците во Загреб. Објавувањето на книгата е финансиски помогнато од Град Скопје.

Рецензенти на книгата се професор Сања Вулиќ и Ѓуро Видмаровиќ, а уредник е Ведран Искра, додека корицата ја дизајнираше академскиот сликар Дубравко Наумов.

Книгата е објавена на хрватски јазик и е поделена на три циклуси: „Пријелаз према тишини“, „А како изгледа љубав“ и „Али смрт нема крај“.

Станува збор за 17-та збирка песни на Љерка Тот Наумова, која пишува на македонски и хрватски јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и Друштвото на хрватските книжевници. Таа е поетеса и преведувач, уредник на списанието „Хрватска реч“, како и долгогодишен член на Надзорниот одбор на Дирекцијата и култура на Град Скопје.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе