Во Велес

Почнуваат 52. Детски Рацинови средби

Со поетска работилница и оддавање почит кон Рацин пред двата негови споменика во центарот на Велес и пред гимназијата што го носи неговото име,  денеска во родниот град на поетот и револуционер Коста Солев Рацин ќе почнат 52. Детски Рацинови средби, што ги организира Општина Велес и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.

Свечено ќе бидат отворени во 13 часот во салата „Бели мугри“ каде што ќе бидат доделени наградите од распишаниот литературен и ликовен конкурс и ќе се одржи културно-уметничка програма.

Попладнето во 16 часот е традиционалната поетска средба во „Сокачето на поезијата“ пред родната Спомен-куќа на Рацин во стариот дел на Велес, каде ќе има поетско читање на наградените творби и посета на ликовната колонија во куќата на Рацин.

Учесниците на средбите ќе бидат ученици од повеќе градови од земјава. Тие ќе се запознаат и со Грнчарската работилница во која работел  Рацин продолжувајќи ја традицијата на своето грнчарско  семејство,а ќе ги видат  и останатите соби од куќата со семејните  предмети.

Детските Рацинови средби ќе продолжат утре со Поетски караван  во градинките, основните и средните училишта и во Училишниот дом. Ќе завршат во Ликовниот салон со промоција на книгата за деца и млади „Приказни од мојот крај“ од Лила Арсова.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе