Почнаа 59-те Струшки вечери на поезијата

 Со учество на дваесетина странски поети со видео читања, и уште толку домашни поети, како и со интерпретацијата на „Т’га за југ“, од славниот стружанец Миладинов, на македонски, албански, англиски и француски, синоќа, во хотелот Дрим во Струга, почнаа 59-тите Струшки вечери на поезијата.

Амир Ор

Во услови на пандемија, со максимално почитување на протоколите, најстариот поетски фестивал во светот ја продолжи традицијата, преку видоизменето или хибридно издание.

На отворањето, директорот на фестивалот, Тодорче Тасевски, потенцираше дека организаторите, на оваа изнудена дистанца, ќе и се спротивстават со моќта на поезијата.

На вториот ден на СВП, вечерва е претставувањето на годинашниот добитник на „Златен венец“, израелскиот поет Амир Ор.

Во неможност да присуствува на фестивалот лауреатот, тој ќе има видео обраќање и поетско читање.

Ор е водечки израелски поет, писател и есеист, познат како главниот глас на новата генерација од светската книжевност. Автор е на 13 збирки поезија, од кои најнови се: „Плен“ – избрани песни 1977-2013 (2013), „Крилја“ (2015) и „Дете“ (2018). Неговите песни се преведени на 50 јазици и биле објавени во поетски списанија, антологии и книжевни веб-страници, како и во 33 книги низ Европа, Америка и во Азија. Негови романи се „Песната на Тахира“ (2001), фиктивна епопеја во стихови, и „Кралството“, роман за животот на кралот Давид.

Тој е добитник на израелски и меѓународни поетски награди, како што се: писателската награда „Фулбрајт“ во 1993 година, признанието „Плејади“ седум години подоцна за неговиот „значаен придонес кон модерната светска поезија“, наградата „Бернстајн, „Премиерската награда за литература“ во 1996 година, наградата „Оенеум“ на Тетовскиот поетски фестивал во 2010 година, „Поетската награда за песна посветена на виното“ во 2013 г. од Струшките вечери на поезијата, меѓународната награда „Стефан Митров Љубиша“ од Градскиот театар „Будва“, наградата „Европски атлас на лириката“ во 2016, наградата „Светот низ поезија“ наредното лето од Блу Мет Монтреал за „неверојатната длабочина и квалитет на неговата поезија“, наградата „Европски Хомеров медал за поезија и уметност“ во 2019, неодамнешната награда за животно достигнување на директоратот „АКУМ“, како и бројни стипендии од Универзитетот Ајова, Еврејскиот институт на Универзитетот Оксфорд, Фондацијата „Валпараисо“ од Шпанија, „Замок Хоторнден“ од Шкотска, Ирската фондација „Хајнрих Бел“, Фондацијата „Ле Трел“, како и „Прага, град на културата“ на УНЕСКО, меѓу другите.

 

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе