Жална вест

Почина Васил Пујовски

На 72 - годишна возраст, по долго боледување, синоќа (8 септември) почина Васил Пујовски, писател и поет и автор на голем број дела за деца и возрасни.

Пујовски е редник на „Шарам-барам“, „Чук,чук, Стојанче“, „Умни глави“, „Во светот на бајките“, автор на насловните песни од „Дајте музика”, „Здраво генијалци“, на детски хитови како „Никола, Никола“.

Од неговото творештво се издвојуваат делата: „Светот на детскиот сон“ (поезија за деца, 1967), „Пред божји суд“ (поезија, 1969) во издание на Детска радост, „Ајде да се дружиме“ (тв-серија за деца, 1985), „Кралот Кускуле први“ (драма, 1992) која се играше цела деценија на сцената на Театарот за деца и младинци во Скопје, „Дајте музика“ (поезија за деца, 1994), „Прва лига“ (поезија за деца, 1995), „Ѕвездено дете“ (избор поезија, 1999) и „Ѕверка без мерка“ (поезија за деца, 2000), последните негови четири дела се во издание на Книгоиздателството „Ѕвезда“.

Од 1968 беше член на Друштвото на писатели на Македонија.

За децата секогаш велеше: „Нема лошо дете, возрасните се виновни ако е детето лошо“ и многу ги сакаше, а во поезијата за нив невозможното реалност го правеше.

Пујовски е автор и на македонски хитови од „Макфест“ и „Златно славејче“, како „Кога те нема“ која ја пееше Хелена Благне и „Никола, Никола“ на Оливера Лазаревска.

Пујовски е роден на 2 октомври 1946 во Д’мбени, Костурско, со потекло од Егејскиот дел на Македонија. Завршил Филозофски факултет во Скопје, а долги години работел во Македонската телевизија.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе