ДПМ

Почина писателот Миле Неделковски

Вчера, на 85-годишна возраст, почина писателот Миле Неделковски - поет, романсиер, раскажувач, драматург. Роден е на 25 ноември 1935 година во Прилеп, а член на ДПМ беше од 1963 година, информира Друштвото на писатели на Македонија.

Неделковски е автор на збирките поезија: Срцето од злато (1963), Јужно лето (1963), Улавиот од Преспа (1965 – поема), Еретикон–Еротикон (1969), Недела, ден за каење (1984), Битпазар – стилски вежби, ете...(1984),   Заточеници   (1989,   поема), Огледало на сенките (1990), Секогаш иста  (1990),  Задушница  за  престапните  (2002),  Палимпсест (2015), како и на романите: Пепелаши (1969), Трненки (1972), Пандур (1981), Потковица на смртта и надежта (1986), Петрафил за вечната земја (1989) Подгревање на вчерашниот ручек (1989), Создателот и старата емигрантка – продавачка на разни плодови (1991), Празникот на светите маченици (1996), Јавна кривична пријава (1999), Постела на сенките (прв дел 2001, втор дел 2001, трет дел 2003), Пределот со две годишни времиња (2005), Другиот ден (2007), Ланскиот снег (2009). Негови драмски текстови се: Триумфот на Тројанскиот коњ (драма во стихови, 1974), Враќање во арената на стариот прославен, заслужен и ислужен кловн и Пропаста на Олимп (стихувани драми, 1983), Прозорец што гледа на улица, Преспански круг со црвена боја и На крепоста чувари (1985).

Неделковски е добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Рациново признание“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе