Жална вест

Почина писателката Тања Урошевиќ

По тешко боледување денес почина македонската прозаистка и книжевна преведувачка Тања Урошевиќ.

 Авторка е на романите „Аквамарин“ (2004), „Превид“ (2008) и „Ура, Арал!“ (2019),  збирката раскази „Црвена нишка, магнетен прстен“ (2009), заедничката збирка раскази со Влада Урошевиќ „Размена на пораки“ (2013) и книгата „Три новели“ (2017). Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2017 година.

Тања Урошевиќ со децении беше најквалитетна и најплодна преведувачка и афирматорка на руската книжевност во нашата културна средина. Таа има прведено и подготвено две антологии на руски раскази: „Ѓаволијада“ и „Кристален свет“ и за македонските читатели има приопштено бројни изданија на дела од руските класици. Ги подготвила преводите на македонски јазик на: „Мајсторот и Маргарита“ и „Театарски роман“ од Михаил Булгаков, „Доктор Живаго“ од Борис Пастернак, „Руска шума“ од Леонид Леонов, „Село“ од Иван Бунин, „Дарба“ од Владимир Набоков, „Писмата до Пастернак“ од Марина Цветаева и други.

Погребот ќе се изврши утре, среда (11 март), во 13 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта „Бутел“ во Скопје во 12 часот. 

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе