Жална вест

Почина Душица Илин-Шеќеровски

Синоќа во Белград, на 75-годишна возраст, почина истакнатата македонска писателка и новинарка Душица Илин-Шеќеровски.

Душица Илин-Шеќеровски е родена во Тетово на 12 март 1944 година. Се школувала во Битола, Тетово, Скопје и Белград. Книжевните и новинарските студии ги усовршила во Белград, каде што живеела и работела како дописник на македонските пишани и електронски медиуми од Србија и Црна Гора.

Член е на ДПМ од 1974 година. Автор е на збирките поезија: „Фреска на срцето“ (1971), „Сизифина“ (1976), „Ветер во кафез“ (1981), „Толкување на стравот“ (1989), „Спорен лет“ (2002), „Бела линија“ (2006), „Пек“ (2011), „Вишок земја“ (објавена во Белград 2019) и др.

Поезијата на Душица Илин е препеана на повеќе јазици и објавувана во Полска, САД, Турција, Романија и во други земји. Застапена е во повеќе антологии на македонската поезија, како и во антологии на поезијата од бившите југословенски простори. Добитник е на наградата „Златен прстен“ за поетски опус. 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе