Поранешен претседател на МАНУ

Почина академик Георги Старделов

На 90-годишна возраст, денеска во Скопје почина академик Георги Старделов. 

Старделов во периодот пред Нова година претрпел срцев удар. 

Георги Старделов е македонски естетичар, есеист, литературен критичар, теоретичар и академик.

Тој е роден во 1930 г. во Гевгелија. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал по филозофски науки во 1965 година. Беше професор на Филозофскиот факултет во Скопје (1956-1966), негов декан (1975-1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977-1981), претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на Македонскиот ПЕН центар.

За член на МАНУ беше избран во 1986 година. Во периодот од 2000 до 2004 година беше потпретседател на МАНУ, а од 1 јануари 2008 година и претседател на Академијата.

Во МАНУ, од 1993 година го раководеше проектот „Историја на културата на Македонија“, од кој во негова редакција беа издадени 20 тома.

Беше член на редакцијата на списанието за литература, култура и уметност „Современост“.

Старделов беше плоден научен работник во повеќе дисциплини: филозофија, историја, естетика, теорија и социологија на културата и уметноста, историја на литературата.

Во голема жалост ја споделуваме веста дека денес, на 90 годишна возраст, почина академик Георги Старделов, еден од...

Posted by Филозофски факултет - Скопје on Monday, 11 January 2021

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе