По повод Денот на Бошњаците од печат излезе збирка поезија „Мостови на пријателство 3“

Традиционално по трет пат, а по повод одбележувањето на „28 Септември - Денот на Бошњаците" во издание на Диван, од печат излезе збирката поезија „Мостови на пријателство 3" од група автори од Македонија и регионот. Песните се напишани на босански и македонски јазик. Печатењето на збирката е подржано од страна на Министерството за култура.

Во книгата се застапени песни од 51 автор, на 188 страни се наоѓаат стихови кои градат мостови на љубов и разбирање помеѓу луѓето во нашата земја, регионот и пошироко.

„Иницијатива и идеја за веќе трета радост со која се спојуваат луѓето, создаваат пријателства и шират позитивни пораки преку пишаниот збор е на Зеќир Рамчиловиќ. Ехото кое одекнува благодарение на здружението Диван продолжува. Ова дело е трета цигла вградена во мостот што спојува култури, а квалитетот е основна мерка за вредност. Ширината и длабочината се антологиски, присатна во секоја песна, во секој стих“, стои во дел од рецензијата на најпознатиот бошњачки писател од Македонија, Шефкија Боранчиќ.

Промоцијата на збирката поезија „Мостови на пријателство 3“ ќе се одржи во четврток на 26 септември во Ликовниот салон во Велес, а по повод одбележувањето на „28 Септември – Денот на Бошњаците“. Освен промотори, автори и пригодни музички точки, ќе се обратат и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и пратеникот во Собранието, Зеќир Рамчиловиќ.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе