Во издание на „Слово“

„Писма од карантин“ од Димитар Башевски

Издавачката куќа Слово од Скопје деновиве ја објави најновата книга „Писма од карантин“ од Димитар Башевски. Книгата, проследена со краток текст од писателот Томислав Османли и ликовно обликувана од ликовниот уметник Екатерина Змиевскаја, е настаната во месеците на ковид-пандемијата и донесува еден број книжевно-есеистички текстови во вид на отворени писма до познати личности во светот и до познати личности и пријатели кај нас.

Во освртот кон изданието, Томислав Османли пишува:

„Димитар Башевски, еден од нашите најистакнати писатели, на публиката сега ѝ предлага една особена книга. Тоа е книга на еден вид отворени писма пишувани во време на пандемијата на ковид-19, во време на затвореност, на изолација, кога мислата се фокусира на суштествени теми. Во книгата ‘Писма од карантин‘, Башевски го иницира жанрот на книжевно-есеистички, книжевно-критички и филозофски писма, каков што досега не се пројавил во нашата средина, барем  не во објавени книги, додека тој литературен вид, во културите и книжевностите во светот, бележи многувековни традиции, од антиката па до денес. Оттаму, објавувањето на ваков вид, книжевни и есеистички обраќања од еден автор по пат на отворени писма, се пројавува како оригинален творечки чин“.

Димитар Башевски е романсиер, раскажувач и поет. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици. За своите дела ги има добиено високите книжевни награди и признанија кај нас.

                                                                                               

                                                                                               

 

 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе