Писателот Божин Павловски на Саемот на книга ќе има средба со читатели

Писателот Божин Павловски денеска напладне на штандот на „Матица македонска" на Саемот на книга ќе има средба со читатели и ќе го потпишува најновиот роман „Мемоари на задоцнетиот романтичар".

„Некој ова дело ќе го доживее како љубовен роман, друг како жестока полемика со едно сурово време, трет како социјална драма, за некого тоа ќе биде романизирана автобиографија, ниту еден читател нема да остане рамнодушен откако ќе ги помине сите 362 страници на ова дело со сочни дијалози и класична композиција. Во него како на филмска лента се редат најважните моменти од животописот на главниот херој кој себе се нарекува Епилептико“, соопшти „Матица“ за новиот роман на Павловски.

Божин Павловски (Жван, 1942) е македонски и австралиски писател. Живее и твори во Скопје и во Мелбурн. Автор е на 22 романа, а за богатиот романесиерски опус е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе