„Пикасо го изеде јаболкото, а тоа му рече благодарам“, нова книга на Данило Коцевски

Македонскиот ПЕН центар вечер во НУБ „Св. Климент Охридски" ќе ја промовира книгата есеи „Пикасо го изеде јаболкото, а тоа му рече благодарам" на својот член Данило Коцевски.

На промоцијата, закажана за 19 часот, ќе се обрати претседателот на македонскиот ПЕН центар Зоран Анчевски, а промотор на книгата ќе биде прозаистот и есеист Александар Прокопиев. Делови од книгата ќе чита поетот и критичар Ѓоко Здравески. На присутните ќе им се обрати и авторот на книгата, Данило Коцевски.

Книгата „Пикасо го изеде јаболкото, а тоа му рече благодарам“ содржи низа критичкотеориски текстови посветени на феноменот на дадаизмот, од кој произлегува и насловот на книгата.

Авторот се осврнува и на актуелни проблеми и дејци во областа на современата теорија и уметност, како што се поглавјата за Џојс и Дерида, Џојс и Набоков, Џојс и Јунг и др. Опфатен е и феноменот на изместените наративи во кои се толкува и прозата на познатиот француски писател Жорж Перек, како и одделни аспекти од делото на Данило Киш.

Во книгата се застапени осврти и толкувања на теориите на плејада современи теоретичари, меѓу кои: Тери Иглтон, Жил Делез, Жак Лакан, Барбара Џонсон, Жан Бодријар, како и за најновата постхумно издадена книга на Мишел Фуко за сексуалноста. Опфатен е и феноменот „Зошто молчи критиката?“ во текстот „Пост-метафизиката и пост-критиката, предизвици на критичкиот дискурс денес“.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе