ПичПрич на тема „Љубовни писма“ вечер во Куршумли ан

ПичПрич, иницијативата за промовирање на женската усна историја, денеска ќе ја одржи својата традиционална гала вечер каде што ќе се раскажува за еден од најстарите и најтрадиционалните начини на додворување – љубовните писма.

„Овогодинешната тема на ПичПрич галата ќе го стави во фокус овој вид на комуникација, како и формите што ги добива низ дигиталната ера. Низ оваа призма ќе го разгледаме прашањето за согласноста, како и начинот на кој односите на моќ и доминација се провлекуваат низ ваквиот тип на изразување љубов во писмена форма. Од несмасни и скромно срочени реченички, до претенциозни висини на поетскиот израз, љубовните писма се насекаде и вешто се трансформираат и на интернет. Дали ова значи дека содржински се менуваат или едноставно се дигитализираат ќе слушнеме од нашите раскажувачки“, најавуваат организаторите.

Вечерва со почеток од 20 часот, во дворот на „Куршумли ан“ гостите – раскажувачки ќе споделат приказни за највпечатливи љубовни писма коишто ги добиле или пак некому ги напишале. Настанот ќе го модерираат Румена Бужаровска и Ана Василева, а приказните ќе ги раскажуваат: филмската критичарка и новинарка Марина Костова, топ моделот Катарина Ивановска, новинарките Сашка Цветковска и Ивана Смилевска, писателката на феминистички текстови Елена Гаговска и Маја Казакова – радио водителка.

ПичПрич ќе ги следи сите актуелни мерки за здравствена заштита и според тоа ќе може да се присуствува само со сертификат за извршена вакцинација, односно применa најмалку една доза вакцина или сертификат за прележан ковид во изминатите 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за сите лица над 18-годишна возраст. Влезот на настанот е бесплатен, но бројот на места ќе биде ограничен и нема да може да се резервира однапред.

По настанот во Ла Кања во Стара скопска чаршија, ќе следи диџеј сетот на Мартина Пенева.

Настанот се реализира во соработка помеѓу ПичПрич и Тиииит! Инк. и со поддршка од Фпндацијата Квина тил Квина.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе