„Песни за Палестина", промовирана најновата книга на Панде Манојлов

Излезе од печат најновата книга поезија со наслов „Песни за Палестина" на битолчанецот Панде Манојлов.

Книгата содржи шеесетина песни исклучиво посветени на Палестина и страдањата на палестинскиот народ под окупација и неуморната борба да дојде до слобода.

Првата песна посветена на Палестина Манојлов ја објави во септември 1982 година во весникот „Нова Македонија“, инспириран од крвавите напади на палестинските логори Сабра и Шатила во кои беа убиени и ранети илјадници Палестинци.

„Песната веднаш беше препеана на арапски јазик од тогашниот скопски студент од Палестина, Абас Абделкарим,  и објавена во четиринаесет држави од арапскиот свет. Останатите песни се напишани во последните триесетина години“, изјави поетот Манојлов.

Панде Манојлов е автор на дваесет и осум книги поезија и проза, дел од неговите песни се објавувани на повеќе јазици во светот. Манојлов е член на Друштвото на писателите на Македонија, како и на Македонско научно друштво-Битола.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе