Поетска книга во издание на Виг Зеница од Скопје

„Овие песни“ избор од творештвото на Глигор Стојковски

Во издание на ВиГ Зеница од Скопје од печат излезе книгата „Овие песни“ од Глигор Стојковски, поетски избор од вкупното творештво на овој истакнат македонски поет, добитник на релевантни поетски награди. Санува збор за опсежен еднотомник кој на 600 страници го донесува строгиот авторов избор на песни од речиси сите негови поетски книги. Појавата на ова авто-антологиско издание се совпаѓа со јубилејната година од животот на авторот роден 1952 година.

На македонската книжевна сцена Глигор Стојковски – поет, новинар, критичар, публицист, уредник и издавач - се појави 1979 година со стихозбирката „Починка во чисти честички“, објава за која веднаш го добива и своето прво книжевно признание, проласена за најдобра поетска книга на конкурсот на Книжевната младина. Следат книгите „Починка во чисти честички“, „Пајак“, „Очно дно“, „Студена минута“, „Зад билката молк“, „Око заборавено на небото“, „Порој“, „Земјата сама ќе се отвори“, на изборот „Капка оловно небо“. Со стихозбирката „Заборавено око на небото“ во 1997 година Стојковски стана лауреат на наградата „Браќа Миладиновци“. За своето творештво е добитник е и на наградите „Кочо Рацин“, „Нарциса“, а пред четири години за поемата „Кирил 1830-Кирил 2001“ ја освои наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2015 година. Следат книгата книга „Божја честичка“, една комплексна поетска книга во која постоењето го доживува како брз блесок среде вечната космичка ноќ и збирката „Неминовен молк“ со поезија длабоко замислена над конечноста составена од  стихови посветени на минливоста низ доживувњето на убавите моменти на животот. 

Од тогаш до денес овој автор реализираше деветнаесет поетски објави во книги, сѐ до оваа, најнова, книгата „Овие песни“. Збор е за еден опсежен избор од  вкупното тврештво поетот, со над стотина песни и со трите комплетни поеми на Стојковски: „Божја честичка“, „Завет. Јад“ и „Горки слова“. 

Глигор Стојковски е творец кој непрекинато трага по најдобриот поетски исказ на своите поетски идеи. Во оваа, зрела креативна фаза, тој автокритички се самоисчитува во неколку понови поетски објави, како на пример во книгата „Неминовен молк“ објавена пред две години во која, барајќи го перфектниот глас и израз на песната, Стојковски се навраќа на своите поранешни творби и одново ги бруси, при што еден дел од песните напишани во далечната 1995 „... толку се изменети што и тие се – нови“. Наспроти тоа, најновата антологиска книга „Овие песни“ се фиксирана поетска објава зад која авторот застанува и ги нуди како финално избрусени творби и завршени креативни потраги. Така, најновата книга е всушност избор од најдоброто во поетскиот опус на овој исклучителен автор.       

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе