Отворено 34. издание на Саемот на книга во „Борис Трајковски“

Попладнево беше отворено 34. издание на Саемот на книгата во арената „Борис Трајковски" во Скопје. Тој е под покровителство на Министерството за култура. Над 60 издавачки куќи од земјава, како и од Турција, Србија, Косово и Албанија се претстуваат на годинашното издание на Саемот што ќе трае до 9 мај. Фокусот годинава е ставен на детската литература односно на привлекување на најмладите читатели.

На Саемот оваа година ќе се реализираат средби со автори, а најавени се и промоции и попусти. Издавачките куќи ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година. Ќе бидат организирани и работилници и промоции на нови изданија за деца.

Во седумте саемски денови ќе се одржат повеќе од 30 промоции на нови изданија и автори во Промотивниот центар, а ќе има гостувања и на странски автори. Ќе бидат доделени и наградите на Македонска Асоцијација на издавачи (МАИ).

Министерката за култура, Бисера Костадиновска–Стојчевска упати благодарност до издавачите и организаторите за, како што рече, овој опоен и единствен мирис на книгата, за сите книги кои ни ја направија поподнослива „социјалната дистанца" и пандемичниот живот. Потенцира дека иако, и на нив и на издавачите, КОВИД-19 им зададе сериозен удар, верувам дека со наша поддршка и помош заедно ќе се подигнеме и издигнеме.

Министерката рече дека свесни за реалноста, особено во последниве години, Министерството за култура преку Годишната програма ја поддржува издавачката дејност финансирајќи стотици и стотици публикации, а годинава близу 500-тини.

„Книгите се сила за справување со современите предизвици, за разбирање на политичката и економската реалност и за борба со нееднаквостите и дезинформациите. Раскажувањето приказни е неверојатно ефикасна алатка за едукација на помладите генерации"- напиша во својата порака генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, на Светскиот ден на книгата. Изразувам задоволство што, особено во последниве две години, Министерството за култура го поддржа издавањето на бројни наслови и публикации за деца. Од срце им благодарам и ја поздравувам иницијативноста и инвентивноста на оние автори и издавачи кои на овој начин им се посветија на најмладите, особено во ова модерно време во кое паметните телефони им станаа првата играчка,“ дополни таа.

Костадиновска–Стојчевска истакна дека новата технологија влезе како добар слуга во нашите животи, но, рече таа, не смее да стане наш господар. Посочи дека дигитализацијата е одлична и корисна алатка, но таа не е оригиналот.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе