Oтворена меѓународната манифестација „Битолско книжевно паметење“

Во организација на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг", со поддршка од општина Битола, денеска започна 11. Меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења". После едногодишна пауза, оваа манифестација, повторно на едно место собра учесници од 17 земји од светот, поети, писатели, критичари и нивните трудови.

Официјалниот почеток на манифестацијата го означи градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, а свое обраќање имаа и претседателката на „Битолскиот книжевен круг", Елизабета Јончиќ и претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, професор д-р Христо Петрески.

Годинава, „Битолски книжевни паметења", вклучува тридневна програма исполнета со книжевно претставување и наградување, а дополнително е збогатена и со музички колаж, ликовна изложба и промоција на културно – историското наследство на градот.

„Единаесет години, да се негува творештвото, да се вреднуваат лицата кои творат проза, поезија, кои перото го користат за критика, осврт, знаење, кои создаваат книги, списанија, литературни изданија е временска рамка во која негувајќи го македонскиот јазик, го негуваме нашето битие. Деновиве, преку манифестацијата 'Битолски книжевни паметења' писатели од Битола, од Македонија, странски автори кои творат на македонски јазик, но и претставници од целиот свет, заедно ќе говорат преку мислата ставена на хартија, а дел од нив ќе бидат наградени за своите создадени дела. Значењето на оваа манифестација, е уште поголемо од аспект на културно – туристичка промоција на големото природно и историско наследство кое што го поседува Битола“, рече градоначалникот Коњановски.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе