Литература.мк

Онлајн-промоција на сликовницата „Денеска ти нема да играш“ насочена кон булингот

Сликовницата „Денеска ти нема да играш" од шпанската авторка Пилар Серано која е насочена кон исклучителна важна тема, односно булингот меѓу учениците, ќе биде промовирана онлајн утре во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк".

Станува збор за сликовница во издание на „Либи", дел од „Арс Ламина – публикации" која е веќе достапна во сите книжарници „Литература.мк" како и за онлајн-нарачка.

Модератор на онлајн-промоцијата ќе биде уредничката во „Арс Ламина", Татјана Димовска – Атанасова, додека соговорник ќе биде психологот Христина Стефановска која ќе даде поширока димензија и конкретни совети врзани со булингот кај децата и учениците што сè повеќе зема замав како во светски рамки, така и кај нас.

 „Денеска ти нема да играш" е приказна за Ана и за нејзините другарчиња од одделението кои се жртви на булинг. Порано одењето на училиште им било забавно, но полека прераснало во кошмар, откако Ема станала дел во класот. Таа е злобна и им заповедува на сите, но особено Ана е главната мета на сите нејзини напади. Ана почнува да се чувствува лошо, има намален апетит и станува сè потивка.

Авторката Серано има работено како учителка и во ова нејзино дело раскажува приказна за тимската работа и за храброста врз основа на нејзините лични искуства со учениците.

Приказната во „Денеска ти нема да играш" освен што обработува мошне актуелна тема, таа нуди и алатка за справување со булингот кај учениците.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе