Онлајн-промоција на романот „Курвински хроники“ на Александар Русјаков

„Арс Либрис“ (дел од „Арс Ламина – публикации“) вечер од 19 часот онлајн на платформата Зум и преку фејсбук-страницата на „Литература.мк“ ќе ја промовира новата книга на Александар Русјаков, насловена „Курвински хроники“, со поднаслов „Роман сошиен од шест парчиња време“.

Оваа, петта книга на Русјаков, минатата година влезе во потесниот избор за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман, што втора година по ред ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“. Првата, необработена верзија на романот беше високооценета од жирито, по што доби можност за објавување од издавачката куќа.

„'Курвински хроники' ме ’малтретираше‘ неколку години, вовлекувајќи ми се меѓу свеста и совеста. Овие хроники се плод на долгогодишно истражување на женските колена и колкови среде модната писта на човечката гротеска исткаена од лажен морал и искрено лицемерство. Не сакам да пренесувам пораки. Тоа си е работа на читателот. Некои ќе извлечат порака, некои поука, а некои може да го извлечат и подебелиот крај“, вели авторот Русјаков.

Александар Русјаков дипломирал на Факултетот за драмски уметности, катедра за филмска и ТВ-режија. Одлучил да не се занимава со снимање филмови затоа што, вели, многу подобро ја познава граматиката на книжевноста, отколку на филмот.

Покрај авторот, на видеопромоцијата ќе зборуваат и уредничката на книгата Бисера Бендевска и промоторката Маријана Котевска. 

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе