„Огреала месечина од Солуна до Тетоо“ најнова книга од Владимир Кочоски

Од печат излезе книгата „Огреала месечина од Солуна до Тетоо" на авторот публицистот Владимир Кочоски, поранешен новинар и библиотекар. Станува збор за книга која е продолжение на делото „Песни и судбини" од 2006 година.

„Како во претходната книга така и во оваа обработувам како настанале познатите тетовски песни, односно за судбините на луѓето кои на одреден начин биле испеани. Во најновата книга има текстови за седум песни песни меѓу кои и една од најпознатите „Огреала месечина од Солуна до Тетоо". Во оваа песна се опишува животот на Кољо бакалинот кој во својот дуќан имал најквалитетна роба но проблемот за него бил што редовно морал да им дава вересија пред се на жените чии мажи биле на печалба па наплаќал кога ќе се врателе дома. Такви биле и трите снаи на Ѓоре од Сетоле“, вели авторот Владимир Кочоски.

Тој потенцира дека во шест од седумте песни се обратува претежно тажната и трагични судбини на народотот и предизвиците со кои се соочувале.

„Само „Бог да биде Јоше Ќупче Бојанин" е хумористична песна,  песни, другите песни се за жал за трагичните судбини“, истакна авторот.

Во „Песни и судбини" од 2006 година, има околу 15 текстови за познатите песни како „Срце ме боли за Трпана", „ Благуњо дејче Пожаранче" , „Кажи Епсо Димушеа" и други.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе