Објавена трилогија „Македонски безбедносни лавиринти"

„Македонски безбедносни лавиринти” е трилогијата на новинарот и публицист Свето Стаменов и универзитетскиот професор и прв министер за одбрана од независноста на земјава Трајан Гоцевски, во која на вкупно 1.200 страници се објавени 49 интервјуа емитувани на на Македонското радио – Радио Скопје од 2006 до 2018 година.

Првата е всушност, реиздание на книгата што под ист наслов беше објавена во 2015 година, содржи 22 интервјуа реализирани од 2006 до 2014 година. Тие се однесуваат на времето на осамостојувањето и прогласувањето на независноста на Македонија и предизвиците и премрежјата пред кои беше исправена младата македонска самостојна држава.

Втората книга од трилогијата содржи 15 интервјуа од  2015 и 2016 година, кои тематски се однесуваат на клучните процеси во тие две години, како и на историското значење на одредени датуми од македонската подалечна и поблиска историја.

Третата книга, пак, содржи 12 интервјуа од  2017 и 2018 година, кои во најголем дел им се посветени на анализите на македонските перспективи за членство во НАТО, со  акцентот на можностите за забрзување на економскиот развој на Македонија во рамките на евроатлантските интеграции. 

Оваа книга содржи и три интерјуа посветени на одбележувањето на 25 години од формирањето на АРМ, како и на реформите во безбедносниот систем. 

 

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе