Објавена студијата „Лирската биографија на Конески“ од Атанас Вангелов

Деновиве, скопската издавачка куќа „Слово“, во познатата едиција Логос, ја објави книгата „Лирската биографија на Конески“ од Атанас Вангелов, еден од нашите најдобри познавачи на делото на големиот поет и лингвист.

Вангелов со децении систематски го истражува опусот на Конески и како резултат на тие истражувања имаме еден број негови значајни трудови за поезијата на Конески и за неговиот влог во афирмацијата на македонскиот јазик и култура.

Во студијата „Лирската биографија на Конески“, Атанас ја дава досега најзначајната синтеза за епохалното дело на големиот македонски поет. Оваа студија е уникатна по својот пристап. Овде тој настојува да го долови „личниот печат“ во поезијата на Конески што се таи под нејзината чудесна едноставност, која е одлика на исклучителни и раскошни духови. Правејќи суптилни херменевтички анализи, Вангелов го разгатнува и процесот на идентификација на Конески со духовните стремежи на својот народ – од св. Климент Охридски, преку Глигор Прличев до Кочо Рацин.

„Лирската биографија на Конески“ е неодминлива книга на еден голем познавач на делото на нашиот голем поет, впечатлив влог во македонската наука за книжевноста и во македонската култура пошироко.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе