Засега само на албански јазик

Објавена научна книга за Македонците во регионите на Преспа и Врбник

Во издание на „Менора" од Скопје е објавена книгата „Хармонска интеграција на македонското малцинство во Република Албанија – случај на македонското малцинство во областа Преспа и Врбник", на албански јазик, од проф. д-р Марија Дојче која предава на Универзитетот „Фан С. Ноли" во Корча. Од издавачката куќа информираат дека објавувањето на книгата е реализирано со помош на пратеникот во албанскиот парламент Васил Стерјовски. Македонското друштво „Илинден“ апелира македонската Влада да помогне книгата да се преведе на македонски и англиски јазик.

„Стерјовски се заложи за објавување на едно од многуте научни истражувања направени меѓу Македонците во преспанскиот крај во Албанија. Македонците во регионите на Преспа и селото Врбник имале можност да соработуваат со авторката Дојче, која своите сознанија ги внела во овој труд“, велат од издавачката куќа.

Авторката Марија Дојче десет години е професор на катедрата за соцологија на Универзитетот „Фан С. Ноли" во Корча. Додипломски студии завршила на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Приштина, а постдипломски студии на Универзитетот во Тирана. Има спроведено и низа обуки во областа на позитивна психологија, ефективно родителство и критичко размислување на универзитетите Кент, Оксфорд и Монаш.

„Д-р Дојче продолжува да придонесува за истражувањето подобрување на научната и националната политика и за прашања на психокултурна интеграција на малцинско население кон мнозинското население. Таа има спроведено низа социопсихолошки студии за интеграција на националните малцинства во нашиот регион“, наведува весникот.

Објавувањето на книгата го поздрави Македонското друштво „Илинден"-Тирана и апелира до македонската влада да го помогне преводот и објавувањето на книгата на македонски и на англиски јазик.

„Апелираме до македонската влада да помогне со финансиски средства за превод и објавување на оваа исклучително важна книга за Македонците во Албанија, со цел нејзина достапност и до македонскиот читател. Секако, за меѓународна афирмација на животот на Македонците во Албанија, оваа книга би била многу полезна и во издание на англиски јазик“, оценува друштвото, а пренесе МИА.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе