Објавена книгата „Поеми“ на поетот Глигор Стојковски

Со поддршка  од конкурсот за проекти од културата и уметноста на град Скопје, објавена е поетската книга „Поеми“ од Глигор Стојковски која ги содржи поемите: „Божјата честичка“, „Источен оган“, „Ерусалим-богови и војни“ и „Завет. Јад“.

Кон првата и третата поема, книгата ги вклучува и аналитичките осврти насловени „Блесокот на постоењето“ на Томислав Османли и „Горчлива епска беседа“ на Бранко Цветкоски.

„Долгите и продлабочени пеења на Стојковски се комплетираат во книга која е во суштина пресек на зрелиот период од поетското творештво на истакнатиот македонски поет и тоа во доменот на најсложениот поетски жанр – поемата… Поемите на Стојковски содржат хуманистички, антрополошки, филозофски, но и природни научни поводи и загатнувања… Поезијата на Стојковски е изведена со чистата лексика на македонскиот јазик, што како израз, но и како својство и вредност, што во своето творештво грижно ги негува и овој наш автор“, се наведува, меѓу другото, во рецензијата за изданието.

Покрај објавените поетски книги, Глигор Стојковски (1952) е и уредник, издавач, критичар и преведувач. Неговиот преведувачки опус вклучува голем број книжевни творби, поетски и прозни, од најистакнати автори од нашата земја, од регионот и од светската литература. 

За своето книжевно творештво Стојковски е добитник на наградите „Кочо Рацин“, „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“, „Нова Македонија“, „Нарциса“ и на други признанија.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе