Објавена книгата „Подемот и падот на кинеските династии" од Ма Сиаодонг

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера" од Скопје ја објави книгата „Подемот и падот на кинеските династии" од Ма Сиаодонг, во превод од англиски јазик на Љубица Стефановска.

Книгата содржи сто вистински приказни за древните кинески владетели. Таа, всушност, претставува куса историја на Кина и на кинеската цивилизација, од почетоците на оваа најстара жива цивилизација па до последниот кинески цар, раскажана со едноставен и лесен стил низ приказни. Поточно, „Подемот и падот на кинеските династии" ја раскажува историјата на Кина од легендарните три кралства и пет царства до падот на династијата Ќинг.

Како што соопшти „Македоника литера", со овие приказни за кинеските кралеви и цареви и за подемите и падовите на династиите во Кина, книгата е особено погодна за читателите кои се интересираат да добијат општи познавања за кинеската култура и историја.

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе