Објавена книгата „Бизарни раскази" од полската нобеловка Олга Токарчук

Во рамки на проектот „Храбри нови зборови, прекрасни нови светови", издавачката куќа „Антолог" од Скопје соопшти дека е објавена книгата „Бизарни раскази" од полската нобеловка Олга Токарчук.

Станува збор за збирка од десет раскази чиј заеднички именител е фасцинацијата од чудовишното. Токарчук ни поставува дилеми што нè исфрлаат од комфорната зона, потсетувајќи нè дека светот сè повеќе ни се измолкнува и дека сè помалку имаме контрола врз она што го правиме.

„Бизарен е светот во кој живееме, ставен во непрестајно движење и постојано менување. Такви се и овие фасцинантни раскази – огромно патување, книга што преку чудовишното ги поткопува сите очекувања. Од каде води потекло бизарното? Дали бизарното е одлика на светот или пак лежи во секого од нас? Читателот ја губи свеста низ постојаната промена на ритамот на нарацијата“, појаснуваат од издавачката куќа.

Како што посочуваат, ова не се само приказни за клонирање, осаменост и неможност да се сфатиме себеси и својата положба во утврдените општествени улоги, туку секој расказ е визија што ја поттикнува потребата да му дадеме смисла на светот.

„Со помош на гротеска, црн хумор, фантастични и хорор-елементи ни покажува дека реалноста не е онаква каква што ја познаваме. Токму затоа и постои уметноста – за да го провоцира она што се плашиме и да го помислиме“, велат од „Антолог".

Олга Токарчук е полска писателка и добитничка на Нобеловата награда за литература. Студирала психологија. Обожавател е на Јунг, филозофијата и на мистичните науки. Како авторка на десетина романи се издигна во една од најзначајните писателки. Токарчук е своевиден феномен на популарноста и добриот вкус, на знаењето и пишувачката вештина, на филозофската длабочина и мајсторското раскажување. Како активен општествен критичар, потписник е на многу протесни декларации против ограничувањата на човековите права.

Во изданието на „Бизарни раскази" на македонски јазик преводот од полски е дело на Лидија Танушевска, а графичкото уредување е на Марко Трпески. Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија и на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Инаку, „Храбри нови зборови, прекрасни нови светови" / „Europe is BRAVE NEW WOR(L)DS" е проект на издавачката куќа „Антолог", во рамките на кој пред македонската читателска публика ќе бидат претставени десет прозни дела од врвни европски автори, преведени на македонски јазик од докажани преведувачи со кои оваа издавачка куќа има долгогодишна соработка. Реализацијата на проектот е поддржана од програмата Креативна Европа на Европската Унија.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе