Објавен третиот број на списанието „Современост“ за 2018 година

Третиот број на списанието „Современост“ за 2018-та година на 136 страници нуди 11 поетски и 3 прозни прилози, 6 преводи, 8 теоретски текстови и 7 рецензии од авторите: Весна Мундишевска-Велјановска, Петар Наневски, Даниела Андоновска-Трајковска, Петко Шипинкаровски, Васко Маглешов, Александар Стаматов, Ѓорѓи Крстевски, Катерина Гогова, Родика Драхинческу, Немања Стојковиќ, Милица Миленковиќ, Стефан Костоски, Славчо Ковилоски, Милица Радевска, Иван Стојановски, Васил Тоциновски и други.

Списанието за литература, култура и уметност „Современост“ е оформено 1951 год. од уредниците на „Нов ден“ и е директен наследник на ова списание.

Дел од уредничките тимови на списанието биле македонските писатели и дејци: Димитар Митрев, Коле Чашуле, Васил Иљоски, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Гого Ивановски, Гане Тодоровски, Цветко Мартиновски, Владо Малески, Ташко Георгиевски, Јован Бошковски, Миодраг Друговац, Александар Алексиев, Томе Момировски, Ристо Аврамовски, Душко Наневски, Георги Старделов, Васил Тоциновски, Мето Јовановски, Симон Дракул, Петар Ширилов и други.

Актуелни уредници на списанието се Стефан Марковски, главен и одговорен уредник, Снежана Стојчевска, извршна уредничка, и Никола Алтиев, уредник.

Во периодот на книжевните полемики помеѓу реалистите и модернистите, „Современост“ било списание кое било сметано за гласник на првите. Главен ривал на „Современост“ во овој период било списанието „Разгледи“, сметано за гласник на модернистите.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе