Објавен Прирачник за правилна употреба на македонскиот јазик во судските и јавнообвинителските документи, од д-р Матилда Саздова

Излезе во печат „Прирачник за правилна употреба на македонскиот јазик во судските и во јавнообвинителските документи при нивното формирање (АС, ОС, ЈО)“ на д-р Матилда Саздова, советник лектор во ЈП Службен весник.

Фото: Фејсбук

Целта на „Прирачникот за правилна употреба на македонскиот јазик во судските и во јавнообвинителските документи при нивното формирање (АС, ОС, ЈО)“ е да се негува македонскиот стандарден јазик и правилниот јазичен израз при формирањето на судските и јавнообвинителските документи. Во него се опфатени најчестите јазични грешки при формирањето на предметите што произлегуваат од судовите и од јавното обвинителство и се дадени предлози за нивно надминување врз основа на граматичките и правописните правила на македонскиот јазик.

Прирачникот го издаде ОБСЕ, а е резултат на идејата на уредниците Артан Мурати – национален офицер за владеење на правото во Оддел за човекова димензија во ОБСЕ и Томислав Јовановски – програмски асистент во Оддел за човекова димензија во ОБСЕ.

Рецензенти на Прирачникот се Ленче Ристовска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, и Софија Спасова-Медарска, судијка во Основниот граѓански суд Скопје. Двете рецензентки обезбедија многу (изворни) материјали чија анализа го даде конечниот изглед на овој Прирачник.

„Целта на ОБСЕ во соработка со Академија за судии и јавни обвинители беше со примената на овој Прирачник да дадат придонес за правилната употреба на македонскиот јазик како кај постојните, така и кај идните судии и јавни обвинители што поминуваат обука во Академијата“, рече авторката д-р Саздова.

Прирачникот може бесплатно да се симне и испечати на страницата на Академија за судии и јавни обвинители, а целта е да допре до сите што го сакаат правилниот македонски јазичен израз. 

Легенда под Главна слика

Фото: Фејсбук

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе