Објавен избор од осум творби на руската писателка Марина Цветаева

Книгоиздателството „ВиГ Зеница" од Скопје ја објави книгата „Проза – есеи" - избор од осум творби на руската писателка Марина Цветаева, која е меѓу најголемите имиња на современата руска и светска поезија и литература. Изборот го направи писателот и издавач Глигор Стојковски, а преводот од руски јазик е на Анета Сусинова.

„На над 400 страници во книгата се објавени прозните дела на Цветаева, попозната како авторка на врвни поетски творби. На истиот начин таа се потврдува и низ своите прозни и есеистички текстови напишани во текот на 1930-тите години, сега публикувани во новата објава на Цветаева на македонски јазик: „Дом покрај стариот Пимен“, „Ѓаволот“, „Мојата мајка и музиката“, „Повест за Соњечка“, „Неовдешна вечер“, книжевните белешки „Заробениот дух (Мојата средба со Андреј Бели)“, како и вонвременските есеи „Епот и лириката на современа Русија“ и „Поетот и времето“, наведува издавачот. 

Покрај овие есеистички размисли и книжебни белешки, книгата ја исполнуваат и богатите, имагинативни прози со слободоумни, ерудитски и драматични чувствувања на блиските, на светот, на времето и на литературата.

„Тука стојат забележани творби исполнети со копнежи и носталгични чувствувања, напишани во егзил во западноевропските земји, пред судбоносното враќање на Марина Цветаева во Советскиот Сојуз во 1939 година, и следот на личните трагедии што ќе завршат со нејзината смрт во 1941 година“, наведува издавачот на изборот од осум творби од Марина Цветаева.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе