Објавен e конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Здружението за култура и заеднички вредности „Слово 21", организатори на фестивалот Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри" го објави конкурсот преку кој ќе се избираат најдобрите поетски творби за овогодинешното издание на манифестацијата. Темата и формата на песните се слободни.

Пристигнатите песни ќе ги оценува стручна комисија, која освен избор на наградени, ќе направи и селекција на автори што ќе бидат застапени во заедничка збирка. Ги покануваме сите афирмирани поети, како и младите талентирани поетски пера да се пријават. Најдобрите ќе настапат на поетското читање во Гостивар и ќе се борат за фестивалските награди, кои се состојат од статуетки и книги“, велат од Здружението за култура и заеднички вредности „Слово 21“,

На годинешното издание на фестивалот, шесто по ред право на учество имаат поетите од Македонија и од балканските земји, и тоа во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години. На конкурсот учествуваат со испраќање  три необјавени песни, не подолги од 32 реда, напишани на мајчин јазик. Учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик, творбите треба да ги доставуваат со препев на македонски или на англиски јазик.

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар се организира во чест на 24-ти Мај, Денот на св.Кирил и Методиј. Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура.

Творбите се испраќаат на електронската адреса на фестивалот: literaturniiskri@yahoo.com., заедно со лични податоци за авторот. Крајниот рок за пријавување е 11 април.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе