Нoво издание на романот „Круг“ од Димитар Башевски

Издавачки центар ТРИ од Скопје деновиве објави ново издание на романот „Круг" од Димитар Башевски. Првото издание го објави издавачката куќа „Слово" во текот на минатата година. Појавата на ново издание по кусо време од првото е резултат на интересот што го пројавија и критиката и читателската публика.

Димитар Башевски е еден од нашите најистакнати романсиери, поети, преведувачи и издавачи. Автор е на голем број книжевни дела, романи, раскази, поезија. Неговите книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски, црногорски и албански јазик. За своето творештво има добиено многу домашни и меѓународни награди.  

Како и секој добар роман, и „Круг“ има повеќе влеза и излеза кои водат надвор, и враќаат назад, истакнува во обемниот поговор кон романот, акад. Катица Ќулавкова и додава дека станува збор за драматичен, богат, стилски необичен, јазично складен и психолошки изнијансиран роман во потрага по смисла и внатрешен ред, додека Оливера Ќорвезироска, пак, препорачувајќи им го романот на читателите, на социјалните мрежи напиша дека станува збор за „стрплив, длабок текст... занаетчиски обмислен... мек и сетен...“, роман за „страста извадена од најдлабокиот, најскришниот џеб на пишувањето“.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе