Издавачки центар ТРИ

Ново издание на „Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски

Во издание на Издавачки центар ТРИ деновиве излезе од печат познатиот роман „Небеска Тимјановна“ на македонскиот поет и раскажувач Петре М. Андреевски.

Овој роман се занимава со човечката димензија за време на војна, раскажан со гласот на Небеска Тимјановна, главниот женски лик и водечка сила во романот. Таа е карактер кој жилаво се бори против окупаторот и се издигнува до архетип на храброста. Фигура која пренесува трајна вредност за тоа што значи да се биде жена и мајка во македонската книжевност.

Збогатувајќи ја македонската книжевност со „Небеска Тимјановна“, авторот со својата мајсторија и моќ одново ја покажува и докажува силната желба да се биде признат во и преку јазикот. Преку визуелен приказ на тогашната социјална и политичка состојба, Андреевски ја нагласува потребата на секој човек да го потврди својот идентитет.

Петре Мито Андреевски е роден во Слоештица, Демирхисарско, во јуни 1934, а почина во Скопје, во 2006. Тој е еден од најпознатите и најдаровити македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни и стихови се втемелени во нашата книжевност и претставуваат стожер на македонскиот јазик и култура. Негови позначајни дела се поетските книги „Јазли“, „И на небо и на земја“, „Пофалби и поплаки“, „Вечна куќа“, „Дениција“, збирките раскази „Седмиот ден“, „Сите лица на смртта“, како и романите „Пиреј“, „Скакулци“, „Небеска Тимјановна“, „Последните селани“,  „Тунел“.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе