Нови романи на Божин Павловски преведени на англиски јазик

Во издание на „АЕА” и „Грифин Прес” од Мелбурн, Австралија, продолжи издавањето на „Собрани романи” од Божин Павловски на англиски јазик.

Во превод на доктор Весна Николова и Елена Чаварела, и супервизијата на Бредли Досон, од печат излегоа томот 16 (Враќање во сказните- Return to the Fairytales) и томот 17 (Викај ме Бај-Call me Bye). Ликовните решенија на целата колекција се на сликарката Жаки Линч.

Се предвидува до крајот на 2021 година да бидат преведени и преостанатите три романи од Божин Павловски. Целиот проект во чест на 80-от роденден на авторот е финансиран од австралиски фондови. Сите дела на Божин Павловски се и наоѓаат и во едициите на „Kindle Books”, достапни за глобална дигитална продажба.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе