Нови книги на „Современост“

Во издание на литературното списание „Современост“ од Скопје излегоа книги од нови македонски автори, романот „Сенката на сонцето“ од Иван Стојановски и поетската збирка „Скршен аватар“ од Магдалена Чапаровска.

За романот на Ивановски, Стефан Марковски подвлекува:

„Цикличниот наратив заради кој доаѓа до завршени наративни сегменти што одразуваат настани на некои од ликовите во „Сенката на Сонцето“ од Иван Стојановски неретко експлоатиран во епската фантастика, одразен на оригинален начин, е една од поретките специфики на овој роман за ова поднебје, но сепак, она што е најинтересно е разновидноста од формални и семантички методи кои авторот умешно ги вкрстил со свој печат.“

Лидија Капушевска-Дракулевска, пак, анализира:

 „Понудениот ракопис претставува едно комплексно траги-комично симболичко дело, хибридно остварување реализирано преку монтажа и симбиоза на епско-лирски и драмски елементи, од една, и на митско-фантастични теми и мотиви со научно-технолошки достигнувања, од друга страна. Структуриран како филмско сценарио, со нелинеарно развивање на приказната при што крајот го објаснува почетокот, ракописот на Стојановски се одликува со мошне згусната фабула, со цел серијал од настани и ликови кои на вешт начин се поврзани меѓу себе, како и со извонредно богатство од дискурси (филозофски, религиозен, поетски, народен говор...).“ 

Осврнувајќи се кон секој од 4-те циклуси од збирката на Чапаровска, Јасмина Мојсиева-Гушева забележува:

„Дали андроидот е јаболко во рацете на оваа модерна Ева? Дали изглоданото јаболко алудира на гревовите веќе сторени, а андроидот е оној кој нѐ става пред нови искушенија? Дали изборот на зборови е само наивен и случаен? Во Скршен аватар желбата за себе-осознавање и себе-оформување е потпомогната, но и затрупана поради модерната технологија и новите социјални медиуми. Психолошката длабочина на Чапаровска и тука наоѓа примена.“

Романот „Сенката на сонцето“ претставува дебитантско романескно остварување на македонски јазик на Стојановски (1982, Скопје) од доменот на ретко застапената епска фантастика, додека „Скршен аватар“ е втора поетска збирка на поетесата Чапаровска (1983, Скопје).

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе