вторник, 19 март 2024

Миовски: : Ќе ми биде многу драго да почнам да давам голови и за Македонија

Бојан Миовски смета дека пријателските натпревари против Молдавија и Црна Гора се одлични за подготовка на фудбалерите, тој се надева дека ќе почне да ги тресе мрежите и за Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Миовски игра брилијантно за Абердин, има импресивна статистика на постигнати голови, но не е така и во репрезентацијата. Тој се надева дека тоа наскоро ќе се промени.

„Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат“, вели Бојан Миовски.

„Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на контролни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас, треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и се разбира, да се воигруваме за следниот циклус“.

„Секогаш давам 200 % за клубот и репрезентацијата, секако ќе ми биде многу драго да почнам да погодувам и во националниот дрес, различно е чувството кога даваш гол за репрезентацијата и се надевам и се надевам дека ќе ја искористам шансата ако ми се укаже“.

Македонија на 22. март игра со Молдавија, а на 25. март со Црна Гора. Двата дуели се играат во Анталија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ